Соработка

 


Договор за соработка меѓу Универзитетскиот спортски центар и Одделот за спорт на Универзитет во Бугарија

7.4.2014 - Претставници од Универзитетскиот спортски центар на Универзитет „Гоце Делчев“ во изминатиот период реализираа работна средба на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Република Бугарија, на која беше склучен договор за заемна соработка со Одделот за спорт на Софискиот универзитет. Ова претставува прва меѓународна соработка на Универзитетскиот спортски центар од овој тип и истата се однесува на реализација на меѓународни студентски натпревари, размена на искуствата во реализација на наставата по спорт и рекреација, како и можност за заеднички наставни и научноистражувачки активности.

Од повеќето договорени активности, првата заедничка активност ќе се реализира на 10 април 2014 година кога во рамките на Финалната спортска манифестација на УГД, организирана по повод патрониот празник на Универзитетот на ревијален пријателски натпревар учество ќе земат кошаркарската екипа на Софискиот универзитет и мажоретниот состав.

 

Повеќе...


Продлабочување на соработката со Одделот за спорт од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Бугарија

26.5.2014 - Нови заеднички спортски активности се договорени во рамките на посетата на Универзитетскиот спортски центар во Бугарија. Претставници од Универзитетскиот спортски центар (УСЦ) на УГД беа во работна посета на Одделот за спорт при Универзитетот „Св. Климент  Охридски“ во Софија, Р. Бугарија. Во текот на овој период, тие посетија над 15 спортски објекти – сали, стадиони, базен, тениски игралишта, атлетски патеки  и други објекти каде што се реализира наставата по спорт. Претставниците од УСЦ имаа можност да се запознаат со начинот на организација и реализација на бројни програми по спорт, како: фитнес, аеробик, тенис, спортско качување, пливање, ориентација, џудо, спортски игри, танци и други, кои им се достапни на студентите на Универзитетот. Во иднина дел од стекнатите сознанија, искуства и позитивни практики се очекува да бидат имплементирани во програма по предметот  Спорт и рекреација, како и во  дополнителните спортски активности наменети за студентите на УГД.

 

Повеќе...