Настава Спорт и рекреација – програма и цели

ЗОШТО НАСТАВА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА?

Почнувајќи од учебната 2010/2011 година, во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ како задолжителен предмет за студентите во прва година се воведува предметот Спорт и рекреација. Воведувањето на овој предмет е во согласност со Болоњската декларација и Кредит-трансфер системот на образование, но пред сѐ е оправдано и потребно од аспект на потребите на студентите и потребата за физичка активност.
Почетокот на студирањето претставува критичен период во којшто младите поретко се занимаваат со физичка активност и спорт и сѐ позабележителен е падот на физичките способности, кои според развојните карактеристики и тенденции, во периодот на доцната адолесценција, генетички се наоѓаат на врвот од својот развој. Оттука, реализацијата на предметот Спорт и рекреација овозможува услови за продолжување на спортската активност, подобрување и одржување на моторните способности и физичката подготвеност на задоволително ниво, соодветно за секој поединец, позитивни трансформациски промени во сите сегменти од антрополошкиот статус на човекот, поттикнување на активен и здрав начин на живот, формирање здрави животни навики и превенција од болести предизвикани во прв ред од современиот - седентарен начин на живот, карактеристичен за студентската популација.

Предметна програма по Спорт и рекреација (.pdf)


Упатство за студенти (.pdf)

Цел на наставата по Спорт и рекреација

Наставата по предметот Спорт и рекреација се организира со една основна цел: задоволување на потребите на студентите за движење и активност во согласност со нивните лични потреби и афинитети, збогатување на моторното искуство и позитивни трансформациски промени.
Содржините и активностите што се содржат во програмата и практично се реализираат се насочени кон:

 

  • збогатување на моторичкото искуство на студентите и учење на нови движења;
  • развој и одржување на соодветно ниво на моторичките способности и соодветни трансформациски процеси преку соодветна, умерена и
  • програмирана спортска активност;
  • правилен морфолошки и моторички развој и адаптивни способности потребни во современите услови на живот и работа на студентите;
  • развивање на навики за здрав начин на живот, навики за чување и унапредување на сопственото здравје;
  • развивање свест за значењето на физичката активност и стекнување на трајни навики за движење и физичка активност;
позитивни трансформациски процеси во останатите сегменти од антрополошкиот статус – емоционален, социјален, когнитивен и конативен.