Search
|     contact@ugd.edu.mk

Универзитетски органи и тела

Ректорат
Ректоратот е седиште на Универзитетот, каде што се сместени највисоките раководни тела – ректор, проректори, генерален секретар, како и административните оддели кои се во функција на работењето на единиците во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во просториите на Ректоратот е сместена конференциската сала, во која редовно се одржуваат седниците и состаноците на највисоките органи на Универзитетот, односно Универзитетскиот сенат и Ректорската управа. Во состав на Ректоратот се наоѓаат: Одделот за сметководство, Одделот за јавни набавки, Одделот за човечки ресурси, Одделот за одржување и развој, Одделот за прв циклус на студии, Одделот за втор и трет циклус на студии, Центарот за обезбедување на квалитет и други служби поврзани со административната работа на Универзитетот.